Активности

Сабота, 16 декември 2017 година, Љубљана

Учество на пратеникот Локвенец на седница на Постојаниот комитет на ПС на ПСЈИЕ

Господинот Хари Локвенец учествуваше во дискусијата на тема: „Натамошен развој и перспективи на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ“. Тој изрази уверување дека членовите на Парламентарното собрание се подготвени да придонесат за зацврстувањето и натамошниот развој на ПСЈИЕ, кој претставува автентичен глас на регионот, а во европски контекст е прифатен како динамичен и перспективен политички форум за дијалог и соработка.

повеќе...

Сабота, 16 декември 2017 година

Претседателот Џафери му оддаде почит на романскиот крал Михаил Први 

Денес со највисоки државни и воени почести беше погребан кралот Михаил Први на Романија.

Делегацијата на Република Македонија составена од ПСРМ Талат Џафери и вицепремиерот Кочо Анѓушев, придружувана од амбасадорот на Република Македонија во Романија, му оддадоа почит на Кралот на мисата која што се одржа во Кралската палата.

повеќе...

Петок, 15 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со г. Ванино Кити, претседател на Комисијата за европски политики во Сенатот на Република Италија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џефери, се сретна со г. Ванино Кити, претседател на Комисијата за европски политики во Сенатот на Република Италија. 

Оценувајќи ги односите меѓу двете држави како пријателски и без отворени прашања, претседателот Џафери изрази надеж дека во блиска иднина ќе се интензивира директната комуникација меѓу законодавните домови на двете држави и тоа како на ниво на комисии, така и на ниво на претседатели на парламенти. 

повеќе...

Петок, 15 декември 2017 година

Средба на пратеникот Груби со делегација на Италијанскиот сенат 

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби, заедно со членовите и замениците на Комисијата, имаше средба со делегација на Италијанскиот сенат, предводена од сенаторот г. Ванино Кити, а во придружба на амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, г. Карло Ромео.

повеќе...

Петок, 15 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: Прашањето на ограничување на правото на слободно движење и дискриминацијата на граничните премини кон граѓаните од ромската етничка заедница

Собранието преку надлежните комисии и стручната служба активно да се вклучи во разгледување на прашањето на дискриминација на Ромите на граничните премини со организирање на надзорна расправа, формирање на Анкетна комисија и разгледување на прашањето пред Комитетот за односи меѓу заедниците; 

повеќе...

Четврток. 14 декември 2017 година

Средба на претседателот Џафери со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова 

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари средба со потпретседателката на Република Бугарија, г-ѓа Илијана Јотова, која престојува во кратка работна посета на Република Македонија. 

повеќе...

Четврток, 14 декември 2017 година

Средба на пратеникот Димитриев со ЕУ експертот Варанезе

Претседателот на Комисијата за надзор надспроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациитеод страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и од Министерството за одбрана, г. Емил Димитриев, денеска оствари средба со експертот од Европската Унија, г. Маурицио Варанезе.

повеќе...

Среда, 13 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на Завршната конференција на Евроатлантскиот совет на Македонија по повод Проектот „Зајакнување на младинскиот дијалог за промоција на демократските процеси во светлината на евроатлантските интеграции“

Дозволете на самиот почеток да ви го честитам јубилејот,  дваесет години од формирањето на Евроатлантскиот совет на Македонија. Период во кој вие како невладина организација се етаблиравте како многу значаен општествен субјект во остварувањето на нашата стратешка определба, а тоа е целосна интеграција во НАТО и Европската Унија.

повеќе...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Јавна расправа на тема: „70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

Постојаната  анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на Република Македонија ја одржа Третата седница во соработка со Канцеларијата на ОН со следниот дневен ред: Јавна расправа на тема: “70 години Универзална декларација на правата на човекот: Осврт“

повеќе...

Понеделник, 11 декември 2017 година

Обраќање на претседателот Џафери на јавната расправа „70 години Универзална декларација на правата на човекот: осврт“

Денеска сме тука за да го одбележиме 10 декември, ден кога во далечната 1948 година Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои оваа Декларација. Декларација која со својата широчина на вредности, според мене, е врвна цивилизациска придобивка во историјата на човештвото.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 22
  •