Четврток, 11 јули 2019, Поточари
ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 24-ГОДИШНИНАТА ОД ГЕНОЦИДОТ ВО СРЕБРЕНИЦА
Да се биде денес тука, на ова тажно место, место кое одекнува со тишина која е погласна од најголемиот татнеж е болно чувство. Тагата и болката се чувствуваат во секој здив што се зема, на секој чекор што се прави на ова тло. Сепак, треба да се биде силен и да се направи достоинствен чекор, да се оддаде почит на жртвите, на знајните, на незнајните, на откриените и се уште неоткриените за да покажеме на дело дека сме свесни за огромната човечка трагедија, да покажеме дека имаме човечка и морална одговорност и почит, да се охрабриме и заложиме за никогаш да не се заборави, никогаш да не се заборави за никогаш повеќе да не се повтори!