Средба на претседателот Џафери со претседателот на Комисија...

Недела, 7 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Комисијата за надворешна политика на Претставничкиот дом на Конгресот на САД

Нашата држава, подвлече Џафери, досега и во иднина, во САД гледа најважен  стратешки партнер кој во континуитет не поддржува на секој план, не само нас туку и целиот регион.
Прочитај повеќе

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОТВОРАЊЕТО НА 58. БАЛКА...

Петок, 5 јули 2019 година

ОБРАЌАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ОТВОРАЊЕТО НА 58. БАЛКАНСКИ ФЕСТИВАЛ НА НАРОДНИ ПЕСНИ И ИГРИ

Ми претставува голема чест и задоволство што вечерва ќе го одбележиме 58-то отворање на Балканскиот фестивал на народни песни и игри. Ова е фестивал кој е најстариот меѓународен фестивал од ваков вид на Балканот и кој поради својата специфика се смета како една од најзначајните фолклорни манифестации во светот. Тој излегува од своите рамки и вградува во својата организација дополнителни артистички изразувања.

Прочитај повеќе

Дваесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумар...

Петок, 5 јули 2019 година

Дваесет и прва седница на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство

Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на Собранието на Република Северна Македонија, на 21. Седница, одржана на 2 јули 2019 година, како матично работно тело во прво читање го разгледа Предлогот на законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште.

Прочитај повеќе

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСН...

Петок, 5 јули 2019 година

ЧЕСТИТКА ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА ВЕНЕЦУЕЛА - 5 ЈУЛИ

Дозволете ми да изразам срдечни честитки за Националниот празник на независноста на Боливарската Република Венецуела, денот на кој се слави годишнината од донесувањето на Декларацијата за независност од 1811 година, со што земјата стана првата шпанска колонија во Јужна Америка која прогласи независност.

Прочитај повеќе

Размена на македонско-кинески искуства за социјални политик...

Петок, 5 јули 2019 година

Размена на македонско-кинески искуства за социјални политики и осигурување

Комисијата за труд и социјална политика денеска оствари средба со Делегација за социјални развојни работи – Комисија на Националниот народен конгрес на Народна Република Кина, предводена од директорот, Хи Итинг, и членовите: Чен Сиси, Фанг Џун, Ван Џин, Џу Ханчун, а во придружба на кинескиот амбасадор во земјава, Јин Ликсиан.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со директорот на Комисијата ...

Петок, 5 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери, придружуван од генералниот секретар г-ѓа Цветанка Иванова, оствари средба со директорот на Комисијата за социјални развојни работи на Секинескиот народен конгрес, г. Хе Јитинг, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. 

Прочитај повеќе

Собраниска делегација на 28. Годишна сесија на ПС ОБСЕ...

Петок, 5 јули 2018 година

Собраниска делегација на 28. Годишна сесија на ПС ОБСЕ

На 28. Годишна сесија на Парламентарното собрание на ОБСЕ (ПС на ОБСЕ), што се одржува од 4 до 8 јули 2018 година во Луксембург учествува Делегацијата на Собранието на Република Северна Македонија во ПС на ОБСЕ во состав: Владимир Ѓорчев, шеф на Делегацијата, Јагода Шахпаска и Реџаиљ Исмаили, членови  на Делегацијата.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г. Антонио Мисироли, заме...

Вторник, 2 јули 2019 година

Средба на претседателот Џафери со г. Антонио Мисироли, заменик-генерален секретар на НАТО за нови безбедносни предизвици

Претседателот на Собранието, г. Џафери, на почетокот на средбата изрази голема благодарност за поддршката што НАТО Алијансата ја дава на Република Северна Македонија. Во овој маратонски процес низ 18-годишни планови за членство, сега земјата поминува уште еден маратон во процесот на ратификацијата на Пристапниот протокол од страна на земјите членки. Досега, за 4 месеци е ратификуван од 18 парламенти, и со оваа динамика се очекува финализацијата на процесот за полноправно членство во НАТО да заврши до крајот на оваа година.
Прочитај повеќе

Процесот на реформи во одбраната мора да продолжи со цел мо...

Петок, 28 јуни 2019 година

Процесот на реформи во одбраната мора да продолжи со цел модерна и флексибилна армија

Во рамките на работниот семинар „Законодавни односи во одбраната“, организиран од Канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Република Северна Македонија и Министерството за одбрана на Република Северна Македонија, Комисијата за одбрана и безбедност одржа работна средба на која стана збор за процесот на реорганизација и развој на одбранбениот систем и Армијата на Република Северна Македонија, како и законските измени и усогласувања што произлегуваат од тој процес.

Прочитај повеќе

Зголемување на родовата сензитивност во Собранијата и подоб...

Среда, 26 јуни 2019 година

Зголемување на родовата сензитивност во Собранијата и подобрување на позицијата на жените

Со благодарност за поддршката на Канцеларијата за демократски институции и човекови права на ОБСЕ-ОДИХР, Австриската развојна агенција, како и учеството на околу триесетина претставнички од земјите на регионот, претседателката на Клубот на пратенички, Ѓулумсер Касапи, денеска ја отвори Регионална конференција на жени парламентарки.

Прочитај повеќе
1...272829...117                                                                                                                      
Click