Средба на претседателот Џафери со претседателот на Национал...

Понеделник, 5 ноември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со претседателот на Националниот совет на Република Австрија, г. Волфганг Соботка 

Денеска претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, го прими во неговиот кабинет г. Волфганг Соботка, претседател на Националниот совет на Република Австрија, кој престојува во еднодневна официјална посета на нашата земја. 

Прочитај повеќе

Разгледан Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот ...

Понеделник, 5 ноември 2018 година

Разгледан Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година

Комисијата за финансирање и буџет на Собранието на Република Македонија, на 33. седница, одржана на 29 и 30 октомври и 1, 2, 3 и 4 ноември 2018 година, како матично работно тело го разгледа Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот на Република Македонија за 2018 година.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со министерот на Косовските ...

Петок, 2 ноември 2018 година

Средба на претседателот Џафери со министерот на Косовските безбедносни сили на Република Косово, г. Рустем Бериша

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска го прими министерот на Косовските безбедносни сили на Република Косово, г. Рустем Бериша кој престојува во официјална посета на Република Македонија.  

Прочитај повеќе

Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања ...

Петок, 2 ноември 2018 година

Дваесет и втора седница на Комисијата за економски прашања

Комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија на денешната 22. седница, како матично работно тело го разгледа Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за државната статистика (второ читање).

Прочитај повеќе

Пратеничката Јулиана Николова на 71. сесија на Комитетот на...

Четврток, 1 ноември 2018 година, Женева

Пратеничката Јулиана Николова на 71. сесија на Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жената

Пратеничката Јулиана Николова учествува на 71. сесија на Комитетот на ОН за елиминација на дискриминацијата врз жената, како дел од официјалната делегација на Република Македонија, која денеска пред Комитетот го презентира Шестиот периодичен извештај на Република Македонија по Конвенцијата за елиминација на сите форми на дискриминација врз жената (CEDAW), согласно обврските произлезени од член 18 од Конвенцијата.  

Прочитај повеќе

Усвоен извештајот од теренските посети на Комисијата за кул...

Четврток, 1 ноември 2018 година

Усвоен извештајот од теренските посети на Комисијата за култура

Претседателката Ирена Стефоска, како и пратеничката Никица Корубин, истакнаа дека активностите на Работната група нема да застанат со усвојувањето на овој Извештај, туку дека Работната група и во иднина ќе продолжи со своите активности. Досега беа посетувани институциите од областа на заштита на културното наследство, а во иднина ќе се посетуваат и останатите институции по одделни области.
Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Луиза Винтон...

Вторник, 30 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со г-ѓа Луиза Винтон, резидентен координатор на ОН и резидентен претставник на УНДП во Република Македонија

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Талат Џафери, денеска оствари проштална средба со г-ѓа Луиза Винтон, резидентен координатор на Обединетите нации (ОН) и резидентен претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Република Македонија. 

Прочитај повеќе

Почеток на соработката со новата Оперативно-техничка агенци...

Понеделник, 29 октомври 2018 година

Почеток на соработката со новата Оперативно-техничка агенција 

Комисијата за надзор над спроведувањето на посебната истражна мерка следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи, Управата за финансиска полиција, Царинската управа и Министерството за одбрана, оствари средба со директорот на Оперативно-техничката агенција, Зоран Ангеловски.

Прочитај повеќе

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор...

Понеделник, 29 октомври 2018 година

Средба на претседателот Џафери со новоименуваниот амбасадор на Република Полска во Република Македонија, Н.Е. Бојциех Тицињски

Претседателот Џафери, изрази уверување дека и во текот на неговиот мандат ќе продолжи плодната соработка исто како и со неговиот претходник, во правец на зацврстување на парламентарните и севкупните односи меѓу двете земји.
Прочитај повеќе

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката н...

Петок, 26 октомври 2018 година

Проштална средба на претседателот Џафери со амбасадорката на БиХ во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ

На почетокот на средбата, претседателот Џафери изрази задоволство од досегашната успешна билатерална соработка и се заблагодари на амбасадорката за ангажманот во текот на нејзиниот мандат за зајакнување на пријателските односи меѓу двете земји.
Прочитај повеќе
1...596061...117                                                                                                                      
Click