Hidden render

Понеделник, 29 јануари 2018 година

Груби-Јанакакис: Сите да превземат одоговорност и да станат дел од решението

Пратеникот Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања, денеска во Собранието на Република Македонија се сретна со амбасадорот на Грција во Скопје, г. Димитрис Јанакакис.

Пратеникот Груби и амбасадорот Јанакакис разговараа и разменија мислења за актуелната политичка состојба во земјата и во регионот, преговорите   Скопје-Атина околу спорот за името, добрососедските односи, како и за евроатлантската интеграција.

Претседателот на Комисијата за европски прашања, г. Артан Груби пред амбасадорот Јанакакис  изрази задоволство што државниот врв во земјата оддржа координативен состанок пред претстојната посета на преговарачот Нимиц на Скопје и Атина.

Пратеникот Груби, исто така, ја поздрави  првата директна средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас, минатата недела во Давос, и оцени дека тоа претставува цврста заложба за интензивирање на процесот за решавање на спорот со името. 

Времето за решение е сега и сите кои што стремат кон евроатлантска интеграција  и добрососедство треба да станат дел од консензуалното и взаемно прифатливо решение.

Интеграцијата во НАТО и членството во Европската Унија се нашите апсолутни приоритети и дека тоа мора да биде точката на врзување меѓу двете земји во интерес на просперитетот и стабилноста на целиот регион.

Click