Hidden render

Вторник, 22 мај 2018 година

Средба на координаторот на ПГ на СДСМ и Коалицијата, г. Томислав Тунтев со францускиот амбасадор,  г. Кристијан Тимоние

Координаторот на пратеничката група на СДСМ и Коалицијата, г. Томислав Тунтев денеска имаше средба со амбасадорот на Француската Република во Македонија, Н.Е. Кристијан Тимоние. Централна тема на состанокот беше дијалогот „Жан Моне“, што на крајот на минатата недела се одржа во Охрид и унапредувањето на дијалогот меѓу парламентарните партии, во насока на градење на меѓусебна доверба во интерес на ефикасна работа на Собранието на Република Македонија, како и на нејзините граѓани.

Координаторот и пратеник, г. Томислав Тунтев го информираше амбасадорот Н.Е. Кристијан Тимоние за напредокот што е постигнат во поглед на усвојување на Етички кодекс за пратениците, како и за подготвеноста на сите парламентарни групи да работат на квалитетни измени на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија.

Амбасадорот Тимоние изрази силна поддршка за дијалогот „Жан Моне“ и нагласи дека македонското општество може да оди напред само доколку има соработка и меѓусебна доверба меѓу политичките фактори, особено за клучните политички и општествени процеси.

Истовремено беше нагласена потребата од финансиско осамостојување на Собранието на Република Македонија, коешто ќе значи зајакнување на самата институција како клучен столб во политичкиот систем на Република Македонија.

Двајцата соговорници се осврнаа и на предизвиците со кои се соочува Македонија, а тоа е надминување на прашањето со Република Грција, како и неопходноста што е можно побрзо на нашата држава да и се отвори патот кон зачленување во НАТО – Алијансата и Европската Унија.

Click