Hidden render

Вторник, 12 септември 2017 година

Средба на пратеникот Артан Груби со д-р Кнут Кирст

Пратеникот Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања на Собраниeтo на Република Македонија денеска, во Собранието на Република Македонија, се сретна со д-р Кнут Кирст, висок функционер од политичкиот и одбранбен сектор на НАТО.

Господин Груби и д-р Кирст разменија мислења за политичката состојба во земјата, активностите и надлежностите на Комисијата за европски прашања, патот кон системските реформи, како и за членството на земјата во НАТО и ЕУ.  Д-р Кирст изрази спремност да ѝ помогне на Република Македонија за забрзување на реформските и интегративните процеси за во НАТО.

Тој ја искажа својата силна поддршка и безрезервна заложба во однос на процесите на зачленување во НАТО алијансата, како и потврдената подготвеност на државата во однос на усогласеноста со НАТО стандардите.

Пратеникот Груби побара од гостинот поддршка да се препознае моментумот во земјата на евроатлантска аспирација, да се вложи несебична поддршка за финализирање на тој долготраен процес, сè со цел идната година да се постигне заедничкиот интерес -Република Македонија да биде 30. полноправна членка на Северноатлантскиот сојуз. 

Господин Груби, исто така, ги запозна гостите за текот на работите во Собранието, динамиката за донесување на законот за употреба на јазиците, престојните локални избори кои ја очекуваат земјата. 

Click