Hidden render

Вторник, 18 јули 2017 година

Средба на пратеникот Груби со амбасадорот Безак

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, денеска во Собранието на Република Македонија, оствари средба со амбасадорот на Словачка во Македонија, г. Мартин Безак.  

Пратеникот Груби и амбасадорот Безак разговараа околу новата создадена ситуација во земјата, членството на земјата во евроатлантските структури, добрососедството, јазичната еднаквост и реформите. 

Амбасадорот Безак ги поддржува евроатлантските аспирации на Македонија и изрази заинтересираност за да го помогне нашиот пат кон ЕУ и НАТО. 

Пратеникот Груби го извести амбасадорот Безак околу едногласното донесување на Декларацијата за забрзување на реформските и интегративните процеси во НАТО и ЕУ, како основ за системските реформи. 

Претседателот на собраниската комисија за европски прашања, г. Груби, ги покани словачките власти да помогнат во отстранување на условувањето на препораката за почеток на преговорите и да го помогнат нашиот пат кон НАТО.  

Груби и Безак, исто така, дискутираа и за начинот на меѓусебниот придонес и словачката поддршка за реформите, како и за законот за јазикот. 

Click