Hidden render

Петок, 23 јуни 2017 година

Средба на пратеникот Груби со словенечкиот амбасадор Јазбец

Денеска, во Собранието на Република на Македонија, претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, пратеникот Артан Груби, се сретна со амбасадорот на Словенија во Скопје, г. Милан Јазбец.

Пратеникот Груби и евроамбасадорот Јазбец разговараа околу актуелните политички случувања во земјата, работата на Собранието, како и за активностите на Комисијата за европски прашања во врска со усвојувањето на предвидените реформи од страна на Европската комисија.

Пратеникот Груби го информира г. Јазец за активностите во Собранието, за првата седница на Комисијата за европски прашања на 28 јуни, како и за намерите за инклузивен пристап кон сите партии заедно со граѓанското општество и медиумите во дискусиите за реформските закони.

Пратеникот Груби и амбасадорот Јазбец, исто така, разговараа и за евроатланската интеграција, меѓусоседските односи, како и целосното спороведување на Охридскиот договор во согласност со Уставот на земјата во однос на јазичната еднаквост.

Click