Hidden render

Понеделник, 18 септември 2017 година

Средба на пратеникот Груби со министерот за европски прашања на Црна Гора, г. Пејовиќ

Денеска претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Артан Груби,  оствари средба со министерот за европски прашања и шеф на преговарачкиот тим за членство на Црна Гора во ЕУ, г. Александар Андрија Пејовиќ.

На средбата, претседателот на Комисијата ,г. Артан Груби, на високиот гостин му го честита приемот на Црна Гора во НАТО, при што ја истакна посветеноста на земјата    кон интегративните  процеси, за што постои  надпартиска и политичка определба.

Во таа насока, тој информира за последните случувања во земјата, и тоа за неодамна потпишаниот Договор за добрососедски односи со Бугарија, за реализираните задачи во рамките на Реформскиот план на Владата, имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот рамковен договор, напорите за решавање на  спорот со името, како и за активностите за реализирање на фер и демократски локални избори, кои треба да се одржат на 15 октомври.

Груби, информирајќи за работата и надлежностите на Комисијата за европски прашања, нагласи дека настојува сите одлуки Комисијата да ги донесува со консензус.

Министерот Пејовиќ, ја истакна поддршката на Црна Гора, за интегративните процеси на земјата, при што ја изрази својата подготвеност, како шеф на преговарачкиот тим за членство на Црна Гора во ЕУ, да ги споделува корисните искуства и практики, кога Македонија ќе ги отпочне преговорите за ЕУ членство.

Click