Hidden render

Петок, 10 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Милевски со претседателот на Сенатот на Романија, Таричану

Денес, претседателот на комисијата за економски прашања на Собранието на Република Македонија, Горан Милевски на маргините на конференцијата "Западен Балкан - интегрален дел од обединета Европа", оствари средба со претседателот на Сенатот на Романија, Калин Попеску Таричану.

На средбата се разговараше за продлабочување на регионалната соработка, потребата од забрзување на процесот на приближување на земјите од западен Балкан во европското семејство, како и за подобрување на соработката помеѓу парламентите од двете држави.

Соговорниците дискутираа и за романските напори за сузбивање на корупцијата на владините претставници и за начинот на спроведување на реформите на правосудните органи.

Конференцијата "Западен Балкан - интегрален дел од обединета Европа" е организирана од страна на фондацијата Либерална интеграција и бугарската партија Движење за правата и слободите. Република Бугарија од 1-ви јануари го презема претседавањето со Европската Унија, што е важно за придвижување на процесите на интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Click