Hidden render

Среда, 8 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Рамчиловиќ  со амбасадорката на БиХ Н.Е. Лепа Бабиќ 

Денешната средба на пратеникот во Македонското собрание, Зеќир Рамчиловиќ, со амбасадорката на БиХ во Република Македонија, Н.Е. Лепа Бабиќ, помина во една пријателска и конструктивна атмосфера, каде што беа разменети многу заемни информации и мислења за досегашната соработка меѓу двете земји.

Пратеникот Рамчиловиќ го искажа своето задоволство од досегашната активност на амбасадорката Бабиќ и истакна дека односите меѓу двете земји во изминатиот период се движат по нагорна линија.
 Тој, исто така, ја информираше амбасадорката за ратификацијата на Спогодбата за соработка меѓу Владата на Република Македонија и Советот на министри на БиХ, во процесот на пристапување во ЕУ, и ја изрази својата подготвеност, како претседател на парламентарната група за соработка, да даде свој придонес кон интензивирање на парламентарната соработка на сите нивоа.

Амбасадорката на БиХ, Н.Е. Лепа Бабиќ, го искажа своето задоволство од досегашниот развој на заемните односи меѓу двете земји, ги оцени како пријателски и ја искажа својата подготвеност и во наредниот период за време на нејзиниот мандат да работи на интензивирање на соработката во сите области кои ги засегаат двете страни. 

Таа, исто така, посебно се задржа на билатералните договори кои се во фаза на изработка, или во завршна фаза, и кои треба да бидат меѓусебно потпишани од двете страни. 

На крајот и двајцата соговорници се согласија дека ќе дадат свој придонес во интензивирање и зајакнување на меѓусебната соработка.    

Click