Средби пратеници

Понеделник, 30 април 2018 година

Средба на пратеникот Рамчиловиќ со г. Изетбеговиќ

Претседателот на Пратеничката група на соработка на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина, г. Зеќир Рамчиловиќ, оствари средба со претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина, г. Бакир Изетбеговиќ.

Претседателот  Рамчиловиќ и претседателот Изетбеговиќ разговараа за натамошните чекори и активности со кои ќе се обезбеди подобра иднина на новите генерации во двете држави, и ќе се отворат нови можности во нашите општества изразувајќи задоволство од интензивната соработка помеѓу двете држави во минатото и денес.