Hidden render

Вторник, 21 ноември 2017 година

Средба на пратеникот Весел Мемеди со романска делегација

Заменикот на претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, г. Весел Мемеди, оствари средба со делегација од Република Романија, во состав: г. Стефан Тинца, политички директор во Министерството за надворешни работи и г. Александру Ене, директор за регионална соработка за Западен Балкан, во придружба на амбасадорот на Република Романија во Република Македонија, Виорел Станила.

Господинот Тинца информира дека Романија ќе претседава со Советот на Европската Унија на почетокот на 2019 година, по претседавањето на Бугарија и Романија, и дека во рамките на нивното претседателство,  Романија планира во својата агенда на приоритети да го стави и проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан.

Пратеникот Мемеди искажа благодарност  за досегашната романска поддршка на Република Македонија, во однос на процесите  за наша евроатланска интеграција, при што ја нагласи како корисна експертизата за хармонизирањето на законодавството на Унијата и спроведувањето на потребните ЕУ реформи од страна на романски експерти за потребите на Република Македонија. 

На средбата беа разменети мислења за актуелните случувања во земјата, пред сè во однос на динамиката на реализацијата на Реформскиот план на Владата, политичкиот дијалог во земјата меѓу позицијата и опозицијата, имплементацијата на нормативниот дел на Охридскиот  рамковен договор, како и за напорите за решавање на  спорот со името.

 
  

Click