Петок, 18 август 2017 година

ОДГОВОР НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ЏАФЕРИ НА ПИСМОТО ОД ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА, Г. ЗАЕВ ВО ВРСКА СО ПРОГРЕСОТ И ИМПЛЕМЕНТАЦИЈАТА НА ПЛАНОТ 3-6-9

Почитуван претседателе,
Примете ги мојата лична благодарност и благодарноста на пратениците на Собранието на Република Македонија, претставничкиот орган на граѓаните и носител на законодавната власт на Републиката, за искрените честитки за работењето во првите 100 дена на Собранието. Транспарентноста и приближувањето до граѓаните е обврска на избраните претставници од граѓаните, пратеници на кои граѓаните го довериле суверенитетот, а ние, пратениците, со донесувањето на законите и останатите акти од надлежноста на Собранието добиената доверба нé обврзува да ги исполниме очекувањата на граѓаните на Република Македонија, а во тоа огромна е и одговорноста на Владата на Република Македонија.  

повеќе...

 

Вторник, 1 август 2017 година

УЧЕСТВО НА ЧЛЕНОВИТЕ И ЗАМЕНИЦИТЕ ЧЛЕНОВИ НА КОМИСИЈАТА ЗА ОДБРАНА И БЕЗБЕДНОСТ НА ОТВОРЕНИОТ ДЕН НА ВЕЖБАТА ДРАГООН ГУАРДИАН 17

Во рамки на вежбата Драгоон Гуардиан 17, на армискиот полигон Криволак беше организиран Отворен за високи гости и медиуми. 

повеќе...

 

Четврток, 27 јули 2017 година

СОСТАНОК НА ПРЕТСЕДАТЕЛСТВОТО НА КЛУБОТ НА ПРАТЕНИЧКИ

По барање на пратеничката Лилјана Кузмановска, на 24 јули 2017 година се одржа состанок на Претседателството на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, на кој беа разгледани конкретни случаи, кои се однесуваат на позицијата и статусот на жената, по однос на работното место.

повеќе...

 

Четврток, 17 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ

По повод 18 Август - Ден на Армијата на Република Македонија, делегација на Собранието на Република Македонија во состав: г. Максим Димитриевски, г-ѓа Весна Дамчевска-Илиевска  и г. Илија Николовски, на 18 август 2017 година (петок), на градските гробишта „Бутел“ во 9.00 часот, ќе положи венци свежо цвеќе на:

• Партизански гробишта;

• пред вечниот дом на генерал Михаило Апостолски;

• пред вечниот дом на загинатиот претседател и врховен командант Борис Трајковски и

• пред вечниот дом на починатиот претседател и врховен командант Киро Глигоров.

повеќе...

 

Понеделник 7 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ВЕНЕЦ СВЕЖО ЦВЕЌЕ

По повод одбележувањето на настанот на Карпалак, на 8 август 2017 година, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венец свежо цвеќе и тоа:

повеќе...

 

Вторник, 1 август 2017 година

ПОЛОЖУВАЊЕ ЦВЕЌЕ

По повод 2 Август - Денот на Републиката, делегации на Собранието на Република Македонија ќе положат венци свежо цвеќе, и тоа: 

повеќе...

 

Понеделник, 31 јули 2017 година

ПРАТЕНИЧКАТА ФРОСИНА ТАШЕВСКА РЕМЕНСКИ СЕ СРЕТНА СО В.Д АМБАСАДОРОТ НА РУСКАТА ФЕДЕРАЦИЈА КОНСТАНТИН. А. БЕРСЕНЕВ

Шефот на делегацијата на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа, д-р Фросина Ташевска Ременски денеска оствари работна средба со в.д амбасадорот на Руската Федерација Константин. А. Берсенев и третиот секретар Станислав Лупин.

повеќе...

 

Среда, 26 јули 2017 година

СРЕДБА НА ГЕНЕРАЛНАТА СЕКРЕТАРКА И КООРДИНАТОРИТЕ СО ФИОНА МАКИЛВАМ

Генаралната секретарка, г-ѓа Цветанка Иванова и координаторите на пратеничките групи се сретнаа денеска со г-ѓа Фиона Макилвам, директор на Западен Балкан и проширување во Британското министерство за надворешни работи.

повеќе...

 

Петок, 21 јули 2017 година

ГРУБИ-БЈОРНСТАНД: УСЛОВНА ОРОЧЕНА ПОКАНА ЗА ВО НАТО

Пратеникот Артан Груби, претседател на Kомисијата за европски прашања денеска во Собранието се сретна со норвешкиот амбасадор во Македонија, г. Арне Санес Бјорнстанд.

повеќе...

 

Среда, 11 јули 2017 година  

САМИТ НА ЗАПАДЕН БАЛКАН 

Денеска во Трст, Италија, е закажан 4. годишен Самит на Западен Балкан во рамките на „Берлинскиот процес“, со цел зајакнување на регионалната соработка и унапредување на процесот на евроинтеграција.

Ова претставува можност да се развијат дискусии за развој на инклузивни општества, добро владеење и енергични економии. 

повеќе...

 

Понеделник, 3 јули 2017 година

ЕСТОНИЈА - НОВ ПРЕТСЕДАВАЧ СО ЕУ

Од 1 јули Естонија го презеде ротационото претседавање со Европската Унија. Во овој период беше предвидено Велика Британија да биде на чело на ЕУ, но поради „Брегзит“, во наредните шест месеци таа функција ќе ја врши Естонија.

повеќе...

 

Вторник, 28 февруари 2017 година

УСВОЕНА ПРЕДЛОГ-РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА НАПРЕДОКОТ НА МАКЕДОНИЈА

Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, со 54 гласoви „за“ и 8 „против“, ја усвои Предлог-резолуцијата за напредокот на Република Македонија за 2016 година.

повеќе...