Собраниско раководство

Четврток, 10 јули 2014 година

Средба на претседателот Вељаноски со Делегација на Ад-хок комисијата на ПС СЕ за набљудување на претседателските избори и предвремените парламентарни избори

На почетокот на средбата, соговорниците изразија задоволство што повторно имаат можност да се сретнат и да разменат ставови и мислења, пред сè со цел да се надминат и разрешат актуелните состојби.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, ги запозна присутните со моменталната состојба и работата на Собранието на Република Македонија.

На средбата соговорниците разговараа за целиот пороцес и тек на неодамна одржаните претседателски и предвремени парламентарни избори, актуелната политичка состојба во државата, за што оценија дека е потребно преку дијалог да се решаваат настанатите проблеми.

Претседателот Вељаноски изрази надеж дека опозицијата што поскоро ќе донесе одлука да се вклучи во работата на Собранието и истакна дека има подготвеност во согласност со Деловникот и законите да се стори сè за да се овозможи пратениците од опозицијата да го сменат својот став.

На крајот на средбата, соговорниците изразија надеж дека добрата соработка ќе продолжи и понатаму и дека Република Македонија ќе продолжи да ги спроведува демократските процеси за што поскорешна евроинтеграција.

Click