Собраниско раководство

Среда, 25 јуни 2014 година

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО ПРЕТСТАВНИЦИ НА НДИ

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со вишиот член на одборот на директори на НДИ, г. Хауард Дин, регионалниот директор на НДИ за Централна и Источна Европа, г. Роберт Бенџамин и директорот на НДИ во Македонија, г. Крис Хеншоу.

На почетокот на средбата гостите се заблагодарија за можноста да разговараат за соработката на Собранието на Република Македонија со Националниот демократски институт.

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, изрази задоволство од досегашното залагање на САД и поддршката што ја добива Собранието на Република Македонија преку НДИ.

Господин Хауард Дин на средбата истакна дека Собранието на Република Македонија спроведе два големи проекти, како што се создавањето на Парламентарниот институт и спроведувањето на Надзорните расправи, кои се клучни за демократијата и се насочени кон поголема транспарентност во работата на Собранието.

На средбата, г. Роберт Бенџамин истакна дека преку овие проекти Република Македонија бележи напредок и претставува пример и извозник на добро спроведени проекти и реформи во регионот и пошироко.

На средбата се разговараше и за приоритетите на Република Македонија, зачленувањето во НАТО и Европската унија, и контрибуцијата на македонските војници во Авганистан. Исто така, на средбата се разговараше и за актуелните политички случувања во Република Македонија, како и актуелните политички и економски текови во Европа и пошироко.

Click