Неформални групи

Вторник, 26 септември 2017 година

Градиме мостови на разбирање

Во организација на UN Women и Македонско женско лоби (МЖЛ), во Струга на 21 и 22 септември се одржа Работилница под мотото „Градиме мостови за разбирање“, на која учествуваа членки на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија.

На работилницата свое обраќање имаа г-ѓа Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички, г-ѓа Ермира Лубани и Доминика Стојаноска, претставнички на Телото на ОН за родова рамноправност и зајакнување на жените (UN Women).

За позитивните искуства од работата на пратеничките зборуваше г-ѓа Цветанка Иванова, генерална секретарка на Собранието на Република Македонија, а г-ѓа Даниела Димитриевска, извршната директорка на Македонското женско лоби зборуваше за Клубот на пратенички - за неговата мисија, визија, надлежност и за позитивните искуства и резултати.

Госпоѓа Неда Малеска Сачмароска, експертка даде осврт на Основните концепти и воведување на родовата перспектива во главните текови, што беше подготовка за работа во групи, во кои учествуваа сите пратенички за Еднакви можности визави еднаков пристап - политики: Проценка на влијанието на политиките од родов аспект.

На крајот од работилницата учесничките препорачаа да се организираат повеќе вакви работилници, на коишто ќе има можност да присуствуваат и да дебатираат за различни родови тематики, пратенички од сите политички партии застапени во Законодавниот дом.

Click