Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Среда, 5 февруари 2014 година

Клубот на пратенички одржа сесија за стратешко планирање
 
Клубот на пратенички, во соработка со Националниот демократски институт, на 3 февруари 2014 година, одржа сесија за стратешко планирање.

На сесијата се дефинираа следните приоритетни области на идното дејствување на Клубот, како и мерките преку кои ќе се спроведува истото:

  1. Борба против родови стереотипи;                                
  2. Унапредување на социјални права и заштита на жените;
  3. Овозможување на баланс помеѓу приватниот и професионалниот живот на жената;
  4. Политичко јакнење на жените;
  5. Унапредување на примената на родовото буџетирање;
  6. Економско јакнење на жените.

При реализација на сите овие приоритети ќе се поттикнува регионалната соработка на жените-пратенички на ниво на Изборна единица, а воедно ќе се користат искуствата и ќе се поттикнува соработката со парламентите од регионот.