Неформални групи



Петок, 7 декември 2012 година
 
Одржана работна средба на Клубот на пратенички и Канцеларијата на UN Women

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија и Канцеларијата на UN Women  - Тело на Обединетите Нации за родова рамноправност и зајакнување на жените од Скопје, одржаа работна средба на која беа презентирани наодите од родовата анализа за програмите и буџетите во одбраната и активните мерки за вработување и базичната проценка за расположливи податоци по пол во секторот безбедност.

Средбата се одржа во хотелот Бест Вестерн, на која присуствуваа потпретседателките на Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Јакимовска и г-ѓа Сузана Салиу, координаторката на Клубот на пратенички, г-ѓа Лилјана Кузмановска, пратеници на Собранието на Република Македонија, како и претставници на невладиниот сектор.

Со поздравно обраќање, средбата ја отвори г-ѓа Лилјана Кузмановска, координаторката на клубот, а по неа се обрати Ермира Лубани, од UN Women, менаџерка на регионалниот проект за родово одговорно буџетирање.

Наодите од истражувањата ги презентираа локалните експертки г-ѓа Марија Савовска и г-ѓа Лидија Георгиева.

Работилницата беше поддржана од страна на UN Women во рамките на регионалните проекти „Промовирање на родово одговорните политики во Југоисточна Европа“ и „Зајакнување на имплементацијата на Резолуцијата 1325 за жени, мир и безбедност во Западен Балкан (2011-2013)“.

Click