Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Четврток, 2 јануари 2014 година
 
Состанок на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија на 30 декември 2013 година  одржа состанок со следниот дневен ред:

  1. Усвојување на извештај за едногодишното работење на Клубот на пратенички;
  2. Избор на координаторка на Клубот на пратенички за следниот едногодишен период.

Координаторката Лилјана Кузмановска ги запозна пратеничките со Извештајот за работата на Клубот во периодот од 1 октомври 2012 до 30 декември 2013 година, при што се разви дискусија.

Едногодишниот извештај на Клубот беше едногласно усвоен.

За координаторка на Клубот на пратенички во следниот едногодишен период е избрана пратеничката Тања Томиќ.