Неформални групи

Петок, 21 јули 2017 година

Средба на Клубот на пратенички на  тема: „Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”

Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија вчера одржа средба на тема: “Клуб на пратенички, достигнувања и приоритети”.

На средбата присуствуваа членките на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија, поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот, претставници на невладините и меѓународните организации, Националниот демократски институт и Европската комисија.

Поздравни обраќања на средбата имаа проф. д-р Ѓулумсер Касапи, координаторка на Клубот на пратенички и Даниела Рангелова, претседателка на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите на Собранието на Република Македонија.

Во дискусијата на темата учествуваа пратеничката Лилјана Поповска, поранешната координаторка на Клубот, Катерина Димеска, Савка Тодоровска од НСРР- СОЖМ, пратеничките и поранешни координаторки на Клубот Лилјана Кузмановска и Соња Мираковска, Даниела Димитриевска од МЖЛ, поранешната координаторка на Клубот, а сегашна генерална секретарка на Собранието на Република Македонија Цветанка Иванова, Ѓунер Небиу од Женската граѓанска иницијатива АНТИКО, поранешната пратеничка Лидија Димова, Сузана Мусли за жените од етничките заедници, граѓанската активистка Виолета Дракулевска, Гзиме Хајредини од  НВО „Златна рака“ – Тетово, поранешната пратеничка Тања Томиќ и Александра Цветковска од Националниот демократски институт.

Во рамките на средбата беа доделени благодарници на поранешните координаторки и заменик-координаторки на Клубот и на оснивачите на Клубот на пратенички на Собранието на Република Македонија и тоа на:

  • Министерство за труд и социјална политика;
  • Национален совет за родова рамноправност - СОЖМ - основачи;
  • Македонско женско лоби - МЖЛ - основачи; 
  • Савка Тодоровска - учесник во основањето на Клубот;
  • Елена Грозданова- учесник во основањето на Клубот;
  • Лилјана Поповска - учесник во основањето на Клубот;
  • Даниела  Димитриевска - учесник во основањето на Клубот;
  • Благородна Мингова-Крепиева - координаторка на Клубот на пратенички;
  • Силвана Бонева - заменик координаторка на Клубот на пратенички; 
  • Цветанка Иванова - координаторка на Клубот на пратенички;
  • Катерина Димеска - координаторка на Клубот на пратенички;
  • Лилјана Кузмановска - координаторка на Клубот на пратенички;
  • Елеонора Петрова Митевска - координаторка на Клубот на пратенички; 
  • Соња Мираковска - координаторка на Клубот на пратенички;
  • Славица Грковска- координаторка на Клубот на пратенички;
  • Тања Томиќ- координаторка на Клубот на пратенички како и на
  • Национален демократски институт.
Click