Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Вторник, 20 март 2018 година

Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички

Клубот на пратенички, во организација на Организацијата за безбедност и соработка во Европа - Мисија во Скопје (ОБСЕ), одржа обука на тема „Зајакнување на капацитетите на Клубот на пратенички“. 

Обуката се одвиваше преку следните панели: Клуб на пратенички - постигнувања и можности (каде беа презентирани досегашните постигнувања на Клубот на пратенички и се дискутираше за понатамошните можности на Клубот); Комуникација со граѓани - искуства и предизвици (пратеничките зборуваа за своите лични искуства во комуникација со граѓаните и со какви предизвици се соочувале); Пратенички и здруженија на граѓани (на оваа сесија присуствуваа неколку здруженија на граѓани кои ги презентираа своите искуства од средби со пратенички и кои имаа мошне интересни предлози и насоки за понатамошната соработка.

Исто така, обуката се одвиваше и низ неколку сесии: Организациски развој, Комуникација со граѓани, Јакнење на Клубот на пратенички - Што можеме и што ќе направиме заедно, Моќта на јавното говорење, Гласовни техники во јавното говорење, Јавно говорење.

На обуката беа предложени повеќе активности за понатамошната работа на Клубот на пратенички меѓу кои Стратешки план-Акционен план за работење на Клубот, потоа да се формираат тимови од сите членки на Клубот кои ќе работат на конкретни теми кои ќе бидат изодени заедно. 

Според учесничките и организаторот обуката не само што ги исполни, туку и ги надмина очекувањата од двете страни, така што соработката помеѓу Клубот на пратенички и ОБСЕ ќе продолжи и во иднина.