Активности на Парламентарен институт

Петок, 23 септември 2016 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА „ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО“ ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 23 септември 2016 г., во Едукативниот центар на Парламентарниот институт, се одржа еднодневен едукативен семинар на тема „Демократијата и Собранието“, каде учествуваа ученици од средните училишта од Велес, Штип, Куманово, Струмица и Скопје.

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата. Низ теоретски предавања, видео проекции и игри, учениците ги утврдија и проширија своите знаења за демократијата, парламентарната демократија и нејзиниот историски развој во Македонија, за принципот на поделба на власта, за местото и улогата на Собранието во политичкиот систем на Републиката, за изборот на народните претставници, постапката на донесување закони во Собранието и сл. 

На присутните ученици и наставници им беше доделен сертификат за учество на семинарот, од страна на раководителот на Парламентарниот институт, Златко Атанасов.Исто така, учениците имаа несекојдневна можност одблизу да го запознаат Собранието преку организирана обиколка на неговите најрепрезентативни простории.

Click