Активности на Парламентарен институт

Четврток, 14 јуни 2018 година

Повеќе информации за законодавната власт за слепите и слабовидните лица 

Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија, во соработка со Националниот сојуз на слепите, организираше тркалезна маса, на која со претставници на здруженијата на слепи и слабовидни лица од повеќе градови од Република Македонија, беа споделени информативните материјали за Собранието на Брајово писмо.

повеќе...

Понеделник, 30 април 2018 година

ВРАБОТУВАЊЕ ВО ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Парламентарниот институт како Посебна организациона единица на Собранието на Република Македонија ги пополнува своите капацитети со вработување високо квалификуван кадар на седум слободни позиции. 

повеќе...

Среда, 11 април 2018 година

ИЗРАБОТЕНИ 300 АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

Парламентарниот институт (ПИ) е служба на Собранието за истражување и анализи за поддршка на пратениците. Оперативен од средината на 2014 година до денес, Парламентарниот институт предаде вкупно 318 анализи по барање од пратениците и 65 самоиницијативни истражувања. Документите се достапни до сите пратеници во Собранието во хартија и преку посебен софтвер.

повеќе...

Среда, 11 април 2018 година

ПРОЦЕНКА НА ПРОГРАМИТЕ ЗА ЕДУКАЦИЈА И КОМУНИКАЦИЈА СО ЈАВНОСТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО СОРАБОТКА СО СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА

Парламентариот институт спроведува програми за информирање и едукација на ученици и студенти, граѓански организации и општо за граѓани. Овие програми се одвиваат во форма на семинари, дебати и отворени денови во Собранието на Република Македонија. Само во 2017 година повеќе од 660 ученици и студенти и над 5000 граѓани го посетија Собранието.

повеќе...

28 март 2018 година

ПРОФЕСИОНАЛИЗАМ, ЕТИКА И ИНТЕГРИТЕТ - НАПРЕДНА ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО

Во периодот од 26 до 28 март 2018 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана напредна обука на тема Професионална етика и интегритет, наменета за собраниската служба.

повеќе...

20 март 2018 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА ДЕМОКРАТИЈАТА И СОБРАНИЕТО ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ

На 20 март 2018 година, ученици од Младинскиот образовен форум, учествуваа на еднодневен едукативен семинар со работен наслов „Демократијата и Собранието“. 

Целта на семинарите е приближување на работата на Собранието на Република Македонија до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за придобивките од демократијата.

повеќе...

19 март 2018 година

ЕДНОДНЕВЕН СЕМИНАР НА ТЕМА: ПАРЛАМЕНТОТ (СОБРАНИЕТО) КАКО ОСНОВНА ИНСТИТУЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНОТО ПРАВО

На 19 март 2018 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт се одржа едукативен семинар на кој присуствуваа 28 студенти запишани на правни и политички студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ од Скопје.

повеќе...

13 март 2018 година  

ПРОМОЦИЈА НА ЗАЕДНИЧКО ИСТРАЖУВАЊЕ - БИЛАТЕРАЛНА СОРАБОТКА СО ШВАЈЦАРСКИОТ ПАРЛАМЕНТ

Парламентарниот институт и службата на Швајцарскиот федерален парламент на 13 март 2018 година го промовираа заедничкото истражување за јавниот долг и неговата структура. 

На настанот присуствуваа пратениците од опозицијата и владејачките партии во Собранието, како и претставници од граѓанскиот сектор. 

повеќе...

20 ноември 2017

Еднодневен семинар за студенти

Студенти од втора година од Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, учествуваа на едукативен еднодневен семинар, кој се одржа на 20 ноември во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

повеќе...

Октомври 2017

Октомври - месец на Отворени денови во Собранието на Република Македонија

Поради зголемениот интерес за посета на законодавниот дом, во месец октомври се реализирани девет отворени денови за посета.  Ова претставуваше можност 1237 граѓани и ученици, распоредени во 29 организирани групи, да го разгледаат свечениот дел на зградата на Собранието, што претставува значајно обележје на македонската државност. 

повеќе...