Парламентарен институт

Декември 2016 година

ОБУКА НА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА УПРАВУВАЊЕ СО ФИНАНСИИ

Во организација на Канцеларијата на Националниот демократски институт, Скопје, во декември беше одржана тридневна работилница на тема Финансиско управување во просториите на Парламентарниот институт. Ана Ковачикова од службата на Националниот совет на Словачката Република пренесе искуства во однос на финансиското планирање, предлагање и преговарање на буџетот на словачкиот Национален совет, а беа разменети и искуства за подготвка на економски и буџетски анализи.

Работилницата беше наменета за истражувачите од Парламентарниот институт, како и вработените во Секторот работни тела во функција на поддршка на Комисијата за финансирање и буџет и Буџетскиот совет, државни советници, како и вработените во Секторот за финансиски прашања при Собранието на Република Македонија.

Click