Парламентарен институт

Ноември 2016 година

ПРОФЕСИОНАЛНО И СТРУЧНО УСОВРШУВАЊЕ ПРЕКУ РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА

Во функција на зајакнување на административните капацитети и меѓународната соработка, во ноември 2016 година вработени од Секторот за едукација и комуникација, истражувачка библиотека и законодавна архива при Парламентарниот институт реализира студиска посета во Федералното Собрание на Швајцарската конфедерација.

Во текот на посетата, најпрво беа презентирани услугите кои ги нуди Парламентарниот институт, а потоа колегите домаќини ги пренесоа своите искуства во однос на информациите околу целокупната организацијата на парламентарните посети, претставување на Иницијативата за политичка едукација на ученици од средно образование, презентација на Политичкиот форум (Polit-Forum des Bundes) на Швајцарската Конфедерација којшто претставува заеднички проект на Федералното Собрание и Федералниот Совет, презентација на работата на парламентарната библиотека, PR стратегијата за приближување на работата на Федералното собрание до граѓаните и сл.

Низ интерактивни сесии и работилници се дискутираше и за начинот и функционирањето на Центарот за посетители, презентацијата на Билтенот на Федералното Собрание, презентацијата "Од бизнис интелигенција до политичка интелигенција", запознавањето со медиумската работа на Собранието и посетата на нивниот Медиа центар, презентација на интернетската страна, управувањето со информациите и сл.

Click