Парламентарен институт

Октомври, 2016 година

РАБОТИЛНИЦА ЗА АСИСТЕНТИТЕ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ 

Во октомври 2016 година во Струмица се одржа дводневна работилница на тема „Номотехника, ресурси за работа и меѓународни искуства“, на која присуствуваа надворешните соработници на пратеничките групи на ВМРО ДПМНЕ, СДСМ и ДПА заедно со државни службеници од Службата на Собранието, НДИ и еден стипендист.

Учесниците на обуката без запознаени со ресурсите со кои располага Парламентарниот институт и Службата на Собранието на Република Македонија. Во врска со меѓународните искуства за работата на надворешните соработници беа споделени искуства од Бундестагот и Конгресот на САД. Дополнително, беше нагласена потребата  за размена на информации и навремено комуницирање со органите на извршната власт по барање на пратениците.               

На работилницата беа презентирани совети за изработка на правни акти, структура на правни акти и беше подвлечена потребата за упатство за номотехнички правила кои би помогнале кон поголема правна јасност. 

Click