Парламентарен институт

16 февруари 2017 година 

РАЗМЕНА НА ИСКУСТВА ПОМЕЃУ НАДВОРЕШНИТЕ СОРАБОТНИЦИ НА ПРАТЕНИЧКИТЕ ГРУПИ ВО СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И СТИПЕНДИСТИТЕ ОД РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ВО БУНДЕСТАГОТ НА ГЕРМАНИЈА

Во соработка на Парламентарниот институт на Собранието, Здружението за парламентарна соработка ИПС-Македонија и Германската амбасада во Република Македонија, на 16 февруари 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот инаститут, се одржа работилница на тема: „Размена на искуства меѓу ИПС стипендистите од Македонија во Германскиот Бундестаг и надворешните соработници (асистентите) на пратеничките групи во Собранието на Република Македонија“.

На настанот свои обраќања имаа генералниот секретар на Собранието на Република Македонија г. Жарко Денковски, амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Македонија Н.Е. г-а Кристина Алтхаузер, раководителот на Парламентарниот институт г. Златко Атанасов и г-а Нита Старова претседател на Здружението за парламентарна соработка ИПС-Македонија.

Во дискусијата беа разменети споредбени модели за статусот, функционирањето, финансирањето и средствата за работа на асистентите во двата парламента. Дополнително се разговараше за потребите на пратениците и обемот на услуги неопходни во секојдневното остварување на нивната функција.

Click