Парламентарен институт

Петок, 16 јуни 2017 година 

ТРЕТА РЕГИОНАЛНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ПАРЛАМЕНТАРНИТЕ ИСТРАЖУВАЧКИ СЛУЖБИ

На 16 јуни 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт се одржа третата Регионална конференција на парламентарните истражувачки центри со работен наслов Буџетска транспарентност и отчетност и улогата на парламентите.

Целта на одржување на оваа конференција беше да се разгледаат тековните политики во однос на буџетската транспарентност во регионот и да се нагласи улогата на парламентот при надзорот и контролата на буџетскиот процес.

За потребите на конференцијата учесниците изработија студија во која нуди одговори на неколку клучни прашања: што е буџетска транспарентност и отчетност и зошто е истата важна, кои се тековните политики во однос на буџетската транспарентност и каква е транспарентноста согласно меѓународните стандарди.

Посебен интерес предизвика прашањето за улогата на парламентот во буџетскиот процес, како и во надзорот и контролата над извршувањето на буџетот.

На конференцијата учествуваа 18 истражувачи од 6 парламентарни служби од регионот кои учествуваа во изработката на студијата, како и претставници на парламентарната служба на Швајцарската Конфедерација.

Click