Парламентарен институт

19 октомври 2016 година

ВОВЕДНА СЕСИЈА ЗА ИДНИТЕ ВОЛОНТЕРИ НА ПАРЛАМЕНТАРНИОТ ИНСТИТУТ

На работилницата присуствуваа службениците од Законодавно-правниот сектор, од Секторот  работни тела, од Парламентарниот институт и претставници од НДИ Македонија. Таа се одржа на 19 и 20 октомври 2016 година во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

Во првиот дел од работилницата се разменија искуствата за улогата и одговорностите на Законодавно-правниот сектор на Собранието на Република Македонија и Законодавно-правните сектори во парламентите на Централна и Источна Европа.

Од страна на Зузана Папазоски, директор на НДИ Програмата за јакнење на законодавните домови на Западен Балкан беа споделени проценките и препораките за зајакнување на работата на Законодавно-правниот сектор како и искуства за спроведување на волонтерската програма во Словачкиот парламент.

На работилницата  присуствуваа и избраните кандидати волонтери во Парламентарниот институт  и беа запознаени со местото и улогата на Собранието во системот на парламентарна демократија во Република Македонија, со услугите кои ги нуди Парламентарниот институт, работата на законодавната архива и стандардите за индексирање на правната документација. Во дискусијата беа нагласени одговорностите и очекувањата од волонтерите во Парламентарниот институт во нивната шестмесечна работа. 

Click