Пратенички групи за соработка



 

МИЛЕ ПАЧЕМСКИ

 


  
 


     
 
   
Член на ВМРО-ДПМНЕ од 1990 година. Роден на 1 август 1958 година во Скопје. Македонец, оженет, татко на две деца. Живее во Берово.
Завршил Медицински факултет во Скопје во рекордно време и со висок просек.
Од 1996 година е специјалист по гинекологија и акушерство. Во 2007 година се стекнува со титула примариус.
Работно искуство: бил вработен во Здравствен дом Берово и Гинеколошко-акушерска клиника во Скопје.
Како лекар специјалист, со свои научни трудови учествува на голем број републички, балкански, европски и светски конгреси од областа на гинекологијата и акушерството.
Од 2006 до 2008 година пратеник во Собранието на Република Македонија.
Во 2008 година повторно е избран за пратеник.
Зборува англиски.   

   
Активности во Собранието

  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик-член
  • Комисија за европски прашања, член
  • Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
  • Комисија за здравство, член
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива, заменик член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Чешката Република, член
  • Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентите на Република Малта и Република Кипар, член 
Click