Буџетски совет на Собранието на Република Македонија

Одлуки
Деловник 
Седници
Документи

 Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е основан со Одлука за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, донесена на седницата на Собранието одржана на 26 јуни 2008 година ("Службен весник на РМ" бр. 77/2008 година).

    Оваа одлука престана да важи со денот на влегувањето во сила  на Законот за Собранието на Република Македонија( ‘’Службен весник на Р.М’’ бр.104/2009).

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 25 август 2008 година донесе Одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет ("Службен весник на РМ" бр. 106/2008). На 24 ноември 2008 година Собранието донесе Одлука за дополнување на Одлуката за утврдување на составот на Буџетскиот совет ("Службен весник на РМ" бр. 147/2008).

Буџетскиот совет на Собранието има претседател, заменик претседател и 9 членови од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.


                           Претседател: СВЕТЛАНА ЈАКИМОВСКА
   
Заменик на претседателот: ЈОВАН МАНАСИЈЕВСКИ
   
                                     Членови:  КРСТО МУКОСКИ
                                                        ИЛИЈА КИТАНОСКИ
                                                        ИВАН СТОИЛКОВИЌ
                                                        СИЛВАНА БОНЕВА
                                                        ВЛАДАНКА АВИРОВИЌ
                                                        ХИСЕН ЏЕМАИЛИ
                                                        МАРЈАНЧО НИКОЛОВ
                                                        МИЛЕ АНДОНОВ
                                                        БЕСИМ ДОГАНИ


Претседател на Советот е еден од потпретседателите на Собранието, а заменик претседател е претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.

На седниците на Буџетскиот совет, без право на одлучување присуствуваат генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот на финансиски и економски прашања на Службата на Собранието.

Надлежности на Буџетскиот совет: 

  • утврдува стратешки приоритети на Собранието за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми.
  • дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието.
  • предлага на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за финансии максимален износ на средства за Собранието за наредните три фискални години.
  • го следи извршувањето на расходите во Буџетот на Собранието на Република Македонија и предлага прераспределба на средствата во рамките на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија.
  • донесува деловник за својата работа .
  • врши други работи утврдени со закон.

Покрај овие надлежности, Буџетскиот совет утврдува и стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија најмалку за наредните три години.


Click