Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија

Одлуки 
Деловник 
Седници 
Документи

Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија е основан со Одлука за основање на Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, донесена на седницата на Собранието одржана на 26 јуни 2008 година ("Службен весник на РМ" бр. 77/2008 година).

Оваа одлука престана да важи со денот на влегувањето во сила  на Законот за Собранието на Република Македонија( ‘’Службен весник на Р.М’’ бр.104/2009).

Собранието на Република Македонија на седницата одржана на 10 јули 2014 година донесе Одлука за утврдување на составот на Буџетскиот совет на Собранието на Република Македонија.

Буџетскиот совет на Собранието има претседател, заменик претседател и 9 членови од редот на пратениците на Собранието на Република Македонија.

Претседател: Рафиc Аљити
Заменик - претседател: Марјанчо Николов
Членови: 1. Илија Димовски
2. Зоран Илиоски
3. Светлана Јакимовска
4. Ане Лашкоска
5. Фатмир Имероски
6. Рамис Мерко
7. Газменд Алији
8. Миле Андонов
9. Горан Милевски

Претседател на Советот е еден од потпретседателите на Собранието, а заменик претседател е претседателот на Комисијата за финансирање и буџет.

На седниците на Буџетскиот совет, без право на одлучување присуствуваат генералниот секретар на Собранието на Република Македонија и раководителот на Секторот на финансиски и економски прашања на Службата на Собранието.

Надлежности на Буџетскиот совет:

  • утврдува стратешки приоритети на Собранието за наредната година и нивно вклучување во Буџетот на Република Македонија со предлагање на посебни програми и потпрограми
  • дава упатства и насоки за подготвување на предлогот на буџетските барања и потребите за работа на Собранието
  • предлага на Владата на Република Македонија во соработка со Министерството за финансии максимален износ на средства за Собранието за наредните три фискални години
  • го следи извршувањето на расходите во Буџетот на Собранието на Република Македонија и предлага прераспределба на средствата во рамките на одобрените средства со Буџетот на Република Македонија
  • донесува деловник за својата работа
  • врши други работи утврдени со закон.

Покрај овие надлежности, Буџетскиот совет утврдува и стратешки приоритети на Собранието на Република Македонија најмалку за наредните три години.