Sluzba na Sobranieto
 
Служба на Собранието


 

Ѓорѓe Стрезоски

СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 



 

Биографски податоци:
- Роден на 30.04.1944 година, во Луково
- Педагошка академија завршил во Скопје 1967 година
- Правен факултет завршил во Скопје во 1974 година
- Правосуден испит положил во 1977 година во Скопје
- Магистрирал на Правниот факултет во Скопје во 1984 година

Поважни функции и задолженија:

- Во периодот од 1967 до 1974 работел како наставник;
- Раководител на Одделението за општи и правни работи во Републичкиот завод за статистика - Скопје;
- Секретар на Општествено-политички собор на Собранието на општина Карпош - Скопје;
- Секретар на Соборот на здружениот труд на Собранието на општина Карпош - Скопје;
- Заменик на Општествениот правобранител на самоуправувањето на Град Скопје;
- Општествен правобранител на самоуправувањето на Град Скопје;
- Секретар на Собранието на општина Центар;
- Главен републички инспектор за труд;
- Секретар на Собранието на Република Македонија во периодот од 04.03.1997 до 29.12.1998 година.

Има објавено повеќе стручни трудови во дневниот и периодичниот печат на Република Македонија.