Sluzba na Sobranieto
 
Служба на Собранието





Каролина Огњановиќ - Чукалиева

СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА



 




Госпоѓа Каролина Огњановиќ - Чукалиева, Македонка, е родена на 1 јули 1962 година во Велес. Во 1986 година дипломира на Правниот факултет во Скопје. Во 1990 година се вработува како приправник во Стручната служба на тогашниот извршен совет на Собранието на СРМ. Од 1991 - 1994 година е референт во Одделението за нормативно - правни работи во областа на политичкиот систем, општествените дејности и внатрешната политика во Секретаријатот за законодавство во Владата на РМ. Во 1994 и 1995 година е советник во Владата на Република Македонија, шеф на кабинетот на министер - координатор. Од 1995 - 1998 година работи како советник на министерот за стопанство, при што - во 1996 година извршува работни задачи во Кабинетот на министерот, а во 1996 - 1998 година - нормативно - правни работи во Републичкиот пазарен инспекторат.

Уште од самото основање на Партијата Демократска Алтернатива е избрана за секретар на Извршната канцеларија на таа политичка партија. Таа функција ја извршуваше и професионално од 05.05.1998 година до нејзиното именување за секретар на Собранието на Република Македонија, на 29.12.1998 година.