Sluzba na Sobranieto
 
Служба на Собранието


 

 

Александар Новакоски

ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 

Александар Новакоски е роден на 28.08.1965 година во Охрид.

Основно и средно образование завршил во Охрид, а дипломирал на Правниот факултет на универзитетот "Св. Кирил и Методиј" во Скопје, правосудна насока. Од 1991 до 1993 година работи како адвокатски приправник, кога и го положил правосудниот испит. Од 1993 година работи во своја канцеларија регистриран како адвокат при Адвокатската комора на Македонија. Бил член на Управниот одбор на Адвокатската комора на Република Македонија и претседател на Комисијата за односи со правосудните органи. Зборува англиски јазик. Учествувал на меѓународни семинари, школи и курсеви во организација на меѓународни организации. Бил на едукација во Центарот за европско право во Република Грција, каде се здобил со соодветен сертификат од Европската унија. Специјалност му е граѓанското и стопанското право. Бил заменик член и е член на Државната изборна комисија.

Александар Новакоски бил активен спортист во пливање и во ватерполо. Во еден период бил член на Управниот одбор на ватерполо клубот "Вардар” од Скопје, пливачки и ватерполо клуб “Охридски бранови” од Охрид и член на Управниот одбор на Пливачки и ватерполо сојуз на Македонија.