Pratenichki sostav
 
Пратенички состав

Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација 

Е-пошта: jpc@sobranie.mk

Цели и задачи 
Деловник 

Претходни состаноци (1995-2004) 
Прв состанок (30 и 31 март 2005 година, Скопје, Република Македонија) 
Втор состанок (5 и 6 декември 2005 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Трет состанок (29 и 30 јануари 2007 година, Скопје, Република Македонија) 
Четврт состанок (26 и 27 ноември 2007 година, Брисел, Кралството Белгија) 
Петти состанок (27 и 28 ноември 2008 година, Скопје, Република Македонија) 
Шести состанок (31 март 2009 година, Брисел, Кралството Белгија)
Седми состанок (18-19 февруари 2010 година, Скопје, Република Македонија)
Осми состанок (29 и 30 ноември 2010 година, Брисел, Кралство Белгија)
Деветти состанок (3-4 ноември 2011 година, Скопје, Република Македонија)
Десетти состанок (7 јуни 2012 година, Брисел, Кралство Белгија)
Единаесетти состанок (22-23 мај 2013 година, Стразбур, Француска Република)
Дванаесетти состанок (26-27 ноември 2014 година, Стразбур, Француска Република) 
Тринаесетти состанок (3-4 декември 2015 година, Скопје, Република Македонија) 

Новости

Останати активности

                                     


Мешовитиот парламентарен комитет-Република Македонија и Европската унија (ЕУ) е формиран врз основа на Резолуцијата на Европскиот парламент од 10 март 2004 година, како и одлуката на Собранието на Република Македонија од 7 декември 2004 година за основање Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација и врз основа на Договорот за стабилизација и асоцијација на Република Македонија (особено членот 114). Формирањето на Мешовитиот парламентарен комитет (МПК) е одраз на цврстата определба на нашата земја за полноправно членство во ЕУ, како и на заложбите на Собранието на Република Македонија, преку парламентарен дијалог, да придонесе кон процесот на евроинтеграција и достигнување на европските стандарди. Во основа, МПК претставува форум каде што членовите на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент ќе разменуваат искуства, мислења и ставови за зајакнување на меѓусебното партнерство. Комитетот, како билатерално тело со кое Република Македонија се одвојува од другите земји на т.н. Западен балкан, претставува формално и ефикасно зајакнување и издигнување на повисоко ниво на односите и соработката на Собранието на Република Македонија и Европскиот парламент. Основна цел на МПК е разгледување на сите аспекти на односите меѓу Република Македонија и ЕУ, особено имплементацијата на Договорот за стабилизација и асоцијација. По предлог на Бирото на Мешовитиот парламентарен комитет можат да се даваат препораки до Европскиот парламент, до Собранието и Владата на Република Македонија, до Советот на Европската унија и до Европската комисија. МПК се сотанува два пати годишно - еднаш во Собранието на Република Македонија и еднаш во Европскиот парламент. Седниците на Мешовитиот парламентарен комитет завршуваат со усвојување на Завршна изјава која, пак, всушност е документ во кој се содржани заедничките ставови за одредени актуелни прашања.

 

 

                     Претседател: Кенан Хасипи
             Потпретседатели: Лидија Димова
Артан Груби
                             Членови: 1. Зоран Илиоски
2. Владимир Ѓорчев
3. Антонијо Милошоски
4. Даниела Рангелова
5. Александар Николоски
6. Иван Стоиљкиовиќ
7. Мерван Џемаили
8. Нора Алити
9. Орхан Ибраими
10. Томислав Тунтев
11. Горан Милевски
12. Петре Шилегов
Заменици на членовите: 1. Илија Димовски
2. Сашо Василевски
3. Лилјана Поповска
4. Владанка Авировиќ
5. Павле Трајанов
6. Светлана Карапетрова
7. Шпреса Хадри
8. Селвије Салиу
9. Беким Фазлиу
10. Соња Мираковска
11. Јагода Шахпаска
12. Љубиша Николиќ