Врз основа на членовите 61 став 2 и 66 став 4 од Уставот на Република Македонија,  Собранието   на   Република  Македонија,   на седницата  одржана  на
7 септември  2010 година, донесе

Деловник за
изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија

Член 1

Во Деловникот на Собранието на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија" број 91/2008), во членот 39 став 2 по зборот “седницата" се додава зборот “задолжително".
По ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:
"Доколку претседателот на Владата од објективни или неодложни причини е неопходно да ја напушти седницата, отсуството не може да биде подолго од еден час."
Ставот 3 станува став 4.
По ставот 4 кој станува став 5 се додава нов став 6, кој гласи:
“Одговор на усно поставеното пратеничко прашање не може да трае подолго од десет минути."

Член 2

Во членот 40 ставот  2  се менува и гласи:
"Редоследот на поставување на пратенички прашања го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи, на начин кој ќе обезбеди  сооднос два спрема еден во корист на пратениците од пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група."

Член 3

Во членот 49 ставот 1 се менува и гласи:
"Претресот по интерпелацијата трае еден работен ден до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24,00 часот."
Ставот 3 се менува и гласи:
"Редоследот на пратениците по пратенички групи и пратениците кои не се организирани во пратенички групи, а кои ќе учествуваат во претресот го утврдува претседателот на Собранието во договор со координаторите на пратеничките групи на начин кој ќе обезбеди сооднос два спрема еден во корист на пратениците од  пратеничките групи во опозиција и на пратениците во опозиција кои не се организирани во пратеничка група."
Ставот 4 се брише.
Ставот 5 станува став 4.

Член 4

Во членот 68 ставови 1 и 2 по зборот "десет“ се додава зборот "работни".

Член 5

Во членот 69 по ставот 2 се додаваат два нови става 3 и 4, кои гласат:
"Претседателот на Собранието е должен на секоја втора редовна седница да внесе една точка во предлогот на дневниот ред за седницата на Собранието по предлог на пратениците од опозиција, која ги исполнува условите утврдени со овој деловник. Предлогот треба да е усогласен на координација на претседателот на Собранието со потпретседателите, координаторите на пратеничките групи и пратениците кои не се организирани во  пратеничка група, а кои се подносители на предлогот.
Одредбата на ставот 3 од овој член не се однесува на седниците на Собранието свикани согласно со членот 85 од Уставот на Република Македонија, членот 39 од овој деловник и за  седниците свикани за одбележување на значајни настани и истакнати личности."

Член 6

Во членот 70 став 2 по зборот "итноста" се додаваат зборовите: "во траење  од 10 минути".

Член 7

Во членот  77 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:
"Образложението за предлогот за изменување и дополнување на предложениот дневен ред  е во траење од три минути."
 Ставот 2 станува став 3.

Член 8 

Во членот 78 став 2 се додава нова реченица која гласи: "Образложението за предлогот е во траење од  три минути."

Член 9

Во членот 79 по ставот 1 се додава нов став 2, кој гласи:
„Собранието не може да расправа  по предлог на закон со кој се врши усогласување со правото на Европската унија, ако предлогот на законот не го разгледала Комисијата за европски прашања на Собранието."

Член 10

Во членот 80 по ставот 2 се додава нов став 3, кој гласи:
„По исклучок од ставот 2 на овој член пратениците кои во едната минута по отворањето на претресот се спречени да се пријават за збор поради  присуство на седници на работните тела или делегациите на Собранието чии членови се тие, имаат право да се пријават за збор од моментот кога присуствуваат на седницата на Собранието, доколку  претресот по точката од дневниот ред сé уште трае."
Ставовите 3 и 4 стануваат ставови 4 и 5.

Член 11

Во членот 81 ставови 2 и 3 по зборот "координатор", односно „Координатор" се додаваат зборовите: "или заменик-координатор".

Член 12

Во членот 86 став 1 по зборот „група" се додаваат зборовите: "или еден пратеник определен од пратеничката група или од координаторот на пратеничката група".
По ставот 3 се додава нов  став 4, кој гласи:
"Пратеникот на седницата на Собранието за време на говорот  може да стои и да говори од своето место."

Член 13

Во членот 97 по ставот 4 се додава нов став 5, кој гласи:
"За време на поименичното изјаснување на пратениците вратите на салата во која се одржува седницата на Собранието се затвораат и не се дозволува влегување и излегување на пратениците се додека трае поименичното изјаснување."
Ставовите 5 и 6 стануваат ставови 6 и 7.

Член 14

Во членот 118 по ставот 5 се додава нов став 6, кој гласи:
"Претседателите на  анкетните комисии по правило се од редот на пратениците на пратеничките групи во опозиција." 

Член 15

Во членот 121 по ставот 1 се додава нов став 2,  кој гласи:
"На седница на работното тело кога се разгледува предлог на закон или друг акт во второ читање задолжително присуствува и во работата учествува претставник на Владата и претставник на подносителот чиј предлог се разгледува."
Ставовите 2 и 3 стануваат ставови 3 и 4.

Член 16

Членот 139 се менува и гласи:
“Собранието, матичното работно тело и Законодавно-правната комисија во првото читање одржуваат општ претрес по предлогот на законот."

Член 17

Во членот 140 став 1 по зборот "три" се додава зборот "работни".

Член 18

Членот 143  се менува и гласи:
“Седница на Собранието за прво читање на предлог на закон се одржува во рок од десет работни дена од денот на донесувањето на решението за свикување на седницата, но не подолго од 20 работни дена од денот на доставувањето на предлогот на законот до пратениците.“

Член 19

Во членот 149 став 1 втората реченица се брише.

Член 20

Во членот 153 став 4 зборот "Собранието" се заменува со зборовите: "работното тело".

Член 21

Членот 159 се брише.

Член 22

Во членот 164 став 3 зборот "работни" се брише.

Член 23

Во членот 171 став 2 зборовите: "не се" се заменуваат со зборот “Собранието".

Член 24

Во членот 180 став 2 зборот "три" се заменува со зборот "пет".

Член 25

Во членот  221 став 2 зборовите: "без претрес" се бришат.
Ставот 3 се менува и гласи:
“По предлогот за разрешување на член на Владата се отвора претрес.“

Член 26

Членот 226 се менува и гласи:
"Граѓаните на Република Македонија можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите, во согласност со прописите за внатрешниот  ред на Собранието."

Член 27

Се овластува Законодавно-правната комисија на Собранието да утврди пречистен текст на Деловникот на Собранието на Република Македонија.

Член 28

 Овој деловник влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник на Република Македонија".


                  
СОБРАНИЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

       

Број 07 - 3673 /1                                                             ПРЕТСЕДАТЕЛ
7 септември 2010 година                                         НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
Скопје                                                                             МАКЕДОНИЈА
                                                                                             
                                                                                        Трајко Вељаноски,с.р.

Дека преписот е верен на оригиналот тврди:

                                                                                    ЗАМЕНИК НА ГЕНЕРАЛНИОТ СЕКРЕТАР
                                                                                    НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
                                                                                    МАКЕДОНИЈА

                                                                                     Вјекослав Анѓеловски





Деловник за изменување и дополнување на Деловникот на Собранието на Република Македонија

Click