Ермира Мехмети
Член на ДУИ. Родена на 6.10.1979 година во Скопје. Албанка. Дипломиран правник на УЈИЕ Тетово, магистер по компаративна политика на Лондонска школа за Економија и Политички науки (LSE). Докторант по правни науки на Универзитетот во Тирана.
Активности во Собранието:
- Комитет за односи меѓу заедниците, претседател
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, член
- Комисија за уставни прашања, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за надворешна политика, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), претседател
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација (Мешовит парламентарен комитет ЕУ - Република Македонија), потпретседател
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член
Е-пошта: e.mehmeti@sobranie.mk