Демократски центар

1998 - 2002



                                                        

                                                    Карангелевски Радомир 

                                      Претседател на партијата Демократски Центар.
     
  
  

 




Шеф на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на ОБСЕ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Кина.
     
  
   Роден 1952 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Добро ги знае англискиот и францускиот јазик, а се служи со германскиот јазик. Живее во Скопје.



 

Климовски Саво

 

 







Член на Демократски Центар. Проф. д-р Саво Климовски е роден во Скопје 1947 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1970 година, магистрирал 1975 година, а докторирал во Љубљана 1978 година од областа на правните науки.
 
По дипломирањето 1971 година е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, потоа за доцент, вонреден и сега редовен професор на факултетот.
     
Избран е за декан на Правниот факултет во Скопје во два мандатни периода, од 1992 година до 1996 година.
     
Бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и претседател на Републичкиот комитет за образование, култура и физичка култура од 1986 до 1990 година. Бил претседател на Сенатот при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје. Има објавено десет учебници, меѓу кои поважни се: Уставно право, Политички систем и Парламентарно право и над сто научни трудови од областа на правните науки. Основач е на Демократската алтенатива и член на најтесното раководство на партијата. Од 14.12.2001 е независен пратеник.
     
Од 19.11.1999 до 15.12.1999: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.   



                                                     


                                                              Попов Стојан
 
 


    
 
  
  


 Член на Демократски Центар.
     
  
   Претседател на Комисијата за култура и член на Комисијата за образование и наука при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија.
     
  
   Роден 1950 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Факултет за драмски уметности. Истакнат филмски режисер. Редовен професор на Факултетот за драмски уметности. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Скопје.

Click