Megjunarodna sorabotka
 
Меѓународна соработка

Европски центар за парламентарни истражувања и документација (ЕЦПИД)

Во 1977 година, во Виена, по предлог на тогашната Конференција на претседатели на европските парламентарни собранија, е основан Европскиот центар за парламентарни истражувања и документација (www.ecprd.org).

ЕЦПИД е мрежа за професионална соработка меѓу службите на парламентите во врска со сите прашања од парламентарното работење.

Основни цели на ЕЦПИД

  • промовирање на размена на информации, идеи, искуства и практики меѓу администрацијата на парламентите во Европа;
  • зајакнување на блиската соработка меѓу парламентарните служби во сите области на парламентарната администрација, законодавството, информациите, итражувањето и документацијата;
  • собирање, размена и издавање на студии подготвени од парламентарните служби

Членство

Членки на ЕЦПИД се Европскиот парламент, Парламентарното собрание на Советот на Европа и парламентарните домови чии претседатели се членови на Европската конференција на претседатели на парламенти.

Во активностите на Центарот можат да учествуваат и парламентите кои имаат специјален статус или статус на набљудувачи во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Oбласти на интерес

Области на интерес за заемни информации и размена на знаења во рамките на ЕЦПИД се:

  • информациски и комуникациски технологии во парламентите;
  • парламентарни практики и процедури;
  • парламентарни библиотеки, истражувања и архиви;
  • економија и буџетски прашања

Структура на ЕЦПИД

  • состанок на генерални секретари;
  • Конференција на кореспонденти;
  • Извршен комитет;
  • кодиректори


ЕЦПИД семинар, 8-9 мај 2014 година, Скопје