ЕУ вести

Среда, 21 јануари 2015 година

Бавно темпо во напредокот на родовата еднаквост

Постигнат е мал напредок во однос на минатите години и ако се оди со ова бавно темпо, родовата разлика, на пример во однос на платите, ќе се елиминира дури во 2084 година - стои во Извештајот за родовата еднаквост во земјите од Европската унија за 2013 година, подготвен од страна на белгискиот европратеник, г. Марк Тарабела, усвоен од Комитетот за правата на жените на Европскиот парламент.

Статистиката вели дека стапката на вработеност кај жените во Европа, во споредба со од пред пет години, се зголемила од 60% до 63%, што не е доволно, а сè повеќе жени имаат несигурна и работа со скратено работно време или на времени договори.

Белгискиот европратеник оценува дека елиминацијата на насилството врз жените мора да се постави како приоритет, воедно една година да биде посветена на борбата против насилството, што иако звучи симболично, е многу важно, бидејќи во низа земји сè уште е табу тема.

Господин Тарабела потенцира дека е потребно да се промени менталитетот, зашто родовата еднаквост е еднаквост на правата. Мажите и жените не се и никогаш нема да бидат исти, но треба да имаат исти права.

Инаку, Комитетот за правата на жените на Европскиот парламент, секоја година подготвува извештај за напредокот во еднаквоста помеѓу жените и мажите.  

Click