ЕУ вести

Среда, 22 октомври 2014 година

Европарламентот ја одобри новата Еврокомисија

Европскиот парламент, со 423 гласа „за“, 209 „против“ и 67 „воздржани“, го одобри новиот состав на Европската комисија, сочинет од 27 комесари, предводени од новиот претседател, г. Жан-Клод Јункер.

 „По долго демократско патување, денеска мојот тим ја помина крајната линија. Се чувствувам почестен што мојата Комисија ја доби демократската поддршка од Европскиот парламент“, истакна г. Жан-Клод Јункер.

Новоизбраниот претседател додаде дека сега е време за работа, започнувајќи од економско закрепнување, создавање на повеќе и подобри работни места, подобра иднина на младите во Европа, заштита на најранливите категории и справување со лошата геополитичката ситуација.

Откако Европарламентот ја даде својата согласност, следен чекор е Европскиот совет официјално да ја назначи новата Еврокомисија, за да го стартува петгодишниот мандат од 1 ноември. 

Во рамките на денешната пленарна седница, европскиот законодавен дом, исто така, ќе расправа и за буџетот за 2015 година.

Click