ЕУ вести

Вторник, 3 јануари 2017 година

Малта – нов претседавач со ЕУ

За прв пат во својата историја, Малта ќе претседава со Советот на Европската Унија. На почетокот од годинава, малата островска држава го презеде ротирачкото претседателство од Словачка, а во јули ќе ѝ го предаде на Естонија. 

Во следните шест месеци Малта ќе го има предизвикот на соочување со клучните прашања на Стариот континент, како миграциската криза, тероризмот и очекуваниот почеток на преговорите за „Брегзит“. 

Како главни приоритети за време на својот мандат, Малтешкото претседателство ги постави: миграцијата, единствениот европски пазар, безбедноста, социјалната политика, соседската политика и интегрирана морска политика.

Click