ЕУ вести

Понеделник, 24 ноември 2014 година

Прва посета на папа на Европарламентот во последните 26 години

Утре, папата Францис, на покана на првиот европарламентарец, г. Мартин Шулц, ќе оствари официјална посета на Европскиот парламент во Стразбур, при што ќе одржи и свое обраќање.

Ова е прва посета на Европарламентот од страна на суверен папа во последните 26 години. Последен пат тоа се случило на 8 октомври 1988 година, кога папата Јован Павле Втори имал свое обраќање во европскиот законодавен дом. 

„Многу сме почестени и горди што ќе го пречекаме папата Францис во Европскиот парламент. Преку својот говор пред Европскиот парламент, ќе има можност да се обрати на милиони граѓани претставувани од нашите членови. Со нетрпение чекам да го слушнам неговото мислење за заедничките проблеми, како што се економската криза, борбата против сиромаштијата, имиграционата политика и неколку други прашања, за чиешто решавање е потребна посилна и подинамична Европската унија", изјави претседателот Шулц.

Во рамките на посетата, папата Францис ќе оствари средба и со претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер и со претседателот на Европскиот совет, г. Херман ван Ромпуј. Пред враќањето назад во Рим, папата ќе го посети и Советот на Европа.

Click