ЕУ вести

Вторник, 22 јули 2014 година

Три филма во конкуренција за филмската награда на Европарламентот

„Kласен непријател“ на Рок Бичек од Словенија, „Моминство“ на Селин Шиама од Франција и полско-данската копродукција „Ида“ од Павел Павликовски, ќе се натпреваруваат за годишнатa филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент. 

Тематиката на трите филмови опфаќа европски современи социјални прашања, со посебен фокус на младите. 

Финалистите ќе бидат титлувани на официјалните 24 јазици на ЕУ и ќе бидат прикажани во сите 28 земји-членки на Унијата, во повеќе од 40 градови и 18 фестивали, за време на „Лукс филмските денови“ претстојната есен. Исто така, тие ќе бидат прилагодени и за лицата со оштетен вид и слух.

Победникот ќе биде избран од страна на европратениците и објавен на 17 декември годинава. 

Втора година по ред, гледачите ќе имаат можност да гласаат за нивниот омилен филм, а еден од нив ќе биде и награден со посета на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари во 2015 година.

Инаку, наградата „ЛУКС“, чие име на латински значи „светлина“, Европарламентот ја доделува од 2007 година, со цел да се сподели разновидноста и богатството на европската кинематографија.

Click