ЕУ вести

Среда, 4 јануари 2017 година

Архус и Пафос - европски градови на културата за 2017 година 

Данскиот град Архус и кипарскиот Пафос ја имаат честа да бидат престолнини на европската култура за 2017 година.

На тој начин, овие два града ќе бидат домаќини на еден од најпопуларните проекти на Европската Унија, кој претставува можност преку културата на различните заедници, да се поттикнат силни локални, европски и меѓународни партнерства.

повеќе...

Вторник, 3 јануари 2017 година

Малта – нов претседавач со ЕУ

За прв пат во својата историја, Малта ќе претседава со Советот на Европската Унија. На почетокот од годинава, малата островска држава го презеде ротирачкото претседателство од Словачка, а во јули ќе ѝ го предаде на Естонија. 

повеќе...

Четврток, 1 декември 2016 година

Европската „Лукс“ награда за филмот „Тони Ердман“ 

Филмот на германската режисерка Марен Аде „Тони Ердман“, кој е германско-австриско-романската копродукција, е добитник на филмската награда LUX за 2016 година, која ја доделува Европскиот парламент.

повеќе...

Среда, 9 ноември 2016 година

ЕУ честитка до новоизбраниот американски претседател

Претседателите на Европската комисија и на Европскиот совет, г. Жан-Клод Јункер и г. Доналд Туск, во заедничкото писмо испратија честитка до новоизбраниот 45. претседател на Соединетите Американски Држави, г. Доналд Трамп, во кое  ја нагласуваат важноста на партнерството меѓу ЕУ и САД.

повеќе...

Среда, 9 ноември 2016 година

Осма препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ

Европската комисија ги објави најновите Извештаи за напредокот на земјите кандидати за членство во Европската Унија, при што Република Македонија по осми пат доби препорака за отворање на преговорите за членство во ЕУ, условена со целосно реализирање на Пржинскиот договор преку спроведување на кредибилни предвремени парламентарни избори на 11 декември и имплементација на итните реформски приоритети.

повеќе...

Петок, 28 октомври 2016 година

„Сахаров“ награда за преживеаните Јазиди активистки

Активистките Надја Мурад Басед и Ламија Аји Башар, кои се гласноговорнички на жените жртви на сексуално насилство од ИСИС и се залагаат за меѓународно признавање на геноцидот над Јазидите, се овогодишните добитници на наградата „Сахаров“, која ја доделува Европската парламент за слобода на мислата. 

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година

„Сите сме исти луѓе и треба да работиме заедно“

Тибетскиот духовен лидер, Далај Лама, во својата петта посета на Европскиот парламент, се сретна со претседателот Мартин Шулц и членовите на Комисијата за надворешни работи, при што разговарале за глобални прашања и човековите права во светот.

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година

Номинации за наградата „Сахаров“

Европскиот парламент ги објави номинираните за годишната награда „Сахаров“, која ја доделува уште од 1988 година на исклучителни личности и организации кои се залагаат за слобода на мислата, човековите права и основни слободи.

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година

ЕУ Самит во Братислава 

Шефовите на државите или владите на 27-те земји членки на Европската Унија денеска ќе се состанат во Братислава, каде ќе ги разменат своите ставови за понатамошниот развој на ЕУ по „Брегзит“.

повеќе...

Вторник, 13 септември 2016 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 септември одржува пленарна седница во Стразбур, на чија агенда е дебата за состојбата и иднината на Европската Унија со претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, со фокус на миграцијата, вработувањето, тероризмот, Брегзит и справувањето со основните барања на граѓаните на ЕУ.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 9
  •