ЕУ вести

Петок, 16 септември 2016 година

„Сите сме исти луѓе и треба да работиме заедно“

Тибетскиот духовен лидер, Далај Лама, во својата петта посета на Европскиот парламент, се сретна со претседателот Мартин Шулц и членовите на Комисијата за надворешни работи, при што разговарале за глобални прашања и човековите права во светот.

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година

Номинации за наградата „Сахаров“

Европскиот парламент ги објави номинираните за годишната награда „Сахаров“, која ја доделува уште од 1988 година на исклучителни личности и организации кои се залагаат за слобода на мислата, човековите права и основни слободи.

повеќе...

Петок, 16 септември 2016 година

ЕУ Самит во Братислава 

Шефовите на државите или владите на 27-те земји членки на Европската Унија денеска ќе се состанат во Братислава, каде ќе ги разменат своите ставови за понатамошниот развој на ЕУ по „Брегзит“.

повеќе...

Вторник, 13 септември 2016 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 12 до 15 септември одржува пленарна седница во Стразбур, на чија агенда е дебата за состојбата и иднината на Европската Унија со претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, со фокус на миграцијата, вработувањето, тероризмот, Брегзит и справувањето со основните барања на граѓаните на ЕУ.

повеќе...

Петок, 1 јули 2016 година

Словачка нов претседавач со Советот на ЕУ 

Од денеска, 1 јули, започнува шестмесечното претседавањето на Словачка со Советот на Европската Унија.

Оваа функција е прва за Словачка, која е дел од ЕУ веќе 12 години, а доаѓа во еден чувствителен период кога Унијата се соочува со предизвикот „Брегзит“, но и со мигрантската криза и феноменот на тероризмот.

повеќе...

Петок, 24 јуни 2016 година

Европа жали, но го почитува „Брегзит“

Претседателите на Европскиот парламент и на Европскиот совет, г. Мартин Шулц и г. Доналд Туск, заедно со холандскиот премиер, г. Марк Руте, денеска се состанаа во Брисел, на покана на претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, а во врска со излезот на Обединетото Кралство од Европската унија.

повеќе...

Понеделник, 9 мај 2016 година

Денот на Европа

Стариот континент денеска го празнува 9 Мај - Денот на Европа, кога се одбележува годишнината од историската Декларација на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман, кој на 9 мај 1950 година предложил нов модел на политичка и економска соработка во Европа, односно формирање на Европската заедница за јаглен и челик, која е всушност она што денеска претставува Европската Унија.

повеќе...

Понеделник, 9 мај 2016 година

Папата Францис награден за промовирање на европските вредности

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Францис, е добитник на овогодинешната награда „Карло Велики“ за вложените напори во промовирањето на европските вредности на мирот, толеранцијата, сочувството и солидарноста“. 

Годинешниот лауреат испрати порака на надеж во која се повикува Европа на поголемо единство и солидарност. 

повеќе...

Четврток, 10 март 2016 година

Усвоена Резолуцијата за Република Македонија

Ако Република Македонија може да излезе од актуелниот политички ќорсокак, да одржи слободни и фер избори и со потребните реформи да се врати на вистинскиот пат, тогаш не треба да има понатамошни пречки за започнување на разговорите за пристапување во Европската Унија, се вели во Резолуцијата, која денеска со 404 гласови „за“,76 „против“ и 29 „воздржани“ беше изгласана од европратениците во Стразбур. 

повеќе...

Вторник, 8 март 2016 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент од 7 до 10 март одржува пленарна седница во Стразбур, во рамките на која ќе се најдат и Извештаите за напредокот за 2015 година на Република Македонија и на Црна Гора на патот кон членство во Европската унија.

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • ...
  • 10
  •