ЕУ вести

Среда, 27 јануари 2016 година

Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот

По повод денешниот Меѓународен ден на сеќавање на Холокаустот, своја изјава даде претседателот на Европската комисија, г. Жан-Клод Јункер, во која, меѓудругото, истакнува дека Еврокомисијата прави сè што е во нејзина моќ во борбата против антисемитизмот.

Првиот човек на Еврокомисијата го повтори заветот на генерацијата која го обнови Стариот континент врз урнатините на Втората светска војна и пепелта на Холокаустот - „Никогаш повеќе!“.  

повеќе...

Понеделник, 18 јануари 2016 година

Пленарна седница на Европарламентот

Европскиот парламент, од 18 до 21 јануари, одржува пленарна седница во Стразбур, во рамките на која утре ќе се одржи дебата со претседателите на Европскиот совет и на Еврокомисијата, г. Доналд Туск и г. Жан-Клод Јункер, за исходот од декемврискиот самит на ЕУ лидерите во Брисел, во однос на миграцијата, тероризмот и британскиот референдум.

повеќе...

Четврток, 14 јануари 2016 година

Вроцлав и Сан Себастијан - европски градови на културата за 2016 година

Европски престолнини на културата е еден од најпрепознатливите проекти на ЕУ, со традиција уште од 1985 година на иницијатива на тогашниот грчки министер за култура, г-ѓа Мелина Меркури.

Овој проект е одлична можност за градовите да го променат својот имиџ и преку сопствениот културен развој, да привлечат повеќе туристи.

повеќе...

Четврток, 3 декември 2015 година

Покана до Црна Гора за членство во НАТО

Министрите за надворешни работи на НАТО вчера одлучија да ја поканат Црна Гора да ги започне преговорите за да стане 29. земја-членка на Северноатлантската алијанса. 

повеќе...

Вторник, 24 ноември 2015 година

„Лукс“ за филмот „Мустанг“

Годишната филмска награда „Лукс“ на Европскиот парламент ја доби филмот „Мустанг“ (Франција, Германија, Турција и Катар) на режисерката Дениз Гамзе Ергувен.

повеќе...

Понеделник, 23 ноември 2015 година

Пленарна седница на Европскиот парламент 

Европскиот парламент од 23 до 26 ноември ќе одржи пленарна седница во Стразбур, во чиј фокус ќе биде дебатата во среда за нападите во Париз и мерките за борба против тероризмот.

повеќе...

Понеделник, 16 ноември 2015 година

Петок 13-ти - Европски ден на жалост 

По повод петочните терористички напади во Париз, шефовите на држави и влади на Европската унија и нејзините институции, дадоа заедничка изјава, во која истакнаа дека тој срамен чин на тероризам што значи напад на цела Европа, ќе постигне спротивен ефект од својата цел, која требаше да донесе поделби, страв и сеење омраза. 

повеќе...

Вторник, 10 ноември 2015 година

Три филмови во конкуренција за наградата „Лукс“

Европските пратеници имаат можност да гласаат за најдобар европски филм, кој ќе ја освои наградата „Лукс“, избирајќи меѓу филмовите „Медитеран“, „Мустанг“ и „Лекција“.

Сите три филмови опфаќаат современи европски социјални прашања, како имиграцијата, улогата на локалните конзервативни традиции и економските проблеми во општеството.

повеќе...

Вторник, 10 ноември 2015 година

Седма препорака за Македонија за почеток на преговори за членство во ЕУ

Европската комисија денеска го објави Извештајот за напредокот на Република Македонија, според кој нашата земја по седми пат во низа доби препорака за почеток на преговорите за членство во Европската унија, овојпат условена со целосно спороведување на  јулскиот политички договор од Пржино и реализирање на препорачаните реформи.

повеќе...

Четврток, 5 ноември 2015 година

Арапскиот блогер Бадави награден за слобода на мислата

Европскиот парламент ја додели овогодинешната награда „Сахаров“ за слобода на мислата на Раиф Бадави, блогер и активист за човекови права од Саудиска Арабија, кој беше уапсен во 2012 година, а подоцна и осуден на 10 години затвор, 1.000 удари со камшик и висока парична казна за навреда на исламските вредности на неговата интернет-страница „Слободни саудиски либерали“, на која промовира социјална, политичка и верска дебата.  

повеќе...

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • ...
  • 10
  •